Андоновска: Полицискиот час на Филипче е без ефект, потребни се протоколи

пред 3 години

Позитивни се 30 проценти од тестираните во текот на изминатото деноноќие, а имаме дури 30 мртви поради корона за 24 часа, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека полицискиот час не дава резултати. Потребни се протоколи, смета Андоновска, но и систем кој ќе функционира.

Според опозициската партија, власта задоцнила со сите мерки.

„Сега имаме протоколи кои не се почитуваат, институциите се полни, нема систем. Граѓаните се тие кои ја плаќаат цената. Владата и Филипче немаат план и тоа е загрижувачки и алармантно“, оцени Андоновска. Рече дека вакцинацијата која до сега требаше да биде во напредна фаза,не е ниту почната за оние кои што сакаат да бидат вакцинирани.

„Филипче најавуваше вакцинација во февруари, сега сме крај на ма рт, а вакцини нема. И сето ова ни се случува додека во регионот и светот масовно се вакцинира. И додека се им бега од контрола. Заразата се шири, единствено што им е во главата е политикантство, наместо да се грижат како да излеземе од оваа здравствена голгота, тие туркаат попис, кој ќе значи катастрофални бројки на заразени. Ваквите бројки ја прават државава рекордер по број на мртви, и на последно место по ефикасноста во справување со заразата“, рече Андоновска.

ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара оставка од министерот за здравство, Венко Филипче.

Scroll to Top