(Видео) Митева: Оставка на Филипче, видеото од операциона сала без протоколи е скандал

пред 3 години

Министерот за здравство, Венко Филипче, ја загрозува безбедноста на пациентите, видеото од операциона сала без протоколи е скандал, обвини Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во денови кога нижиме огромен број на новозаразени, во денови кога пациенти низ ходници очајно бараат да ја добијат својата здравствена заштита, кога сеуште немаме процес на масовна имунизација, кога имаме двоцифрени бројки на починати лица, кога пациенти заминуваат од ординации со недостиг на органи, кога нема разрешница за ниеден случај против одговорните лица и кога во здравството се случува комплетен хаос, ние сведочиме уште еден скандал во низата“, рече таа.

Министер за здравство и доктор по вокација, додаде Митева, го гледаме на видеа како се наоѓа во операциона сала, без притоа никаква заштита на него, прекршувајќи ги сите основни протоколи.

„Безбедноста на пациентот е еден од најважните приоритети, а за таа да биде на врвно ниво неопходно е да се почитуваат одредени медицински постапки и протоколи. „Primum non nocare“ – Да не се наштети. Треба да биде првата мисла на целиот медицински персонал. Зарем јас Филипче треба ова да го кажам на прес конференција? Зарем ти Филипче треба ова правило да го прекршиш? Здравјето на пациентите во ваква ситуацијата и без тебе е загрозено, дополнителни слики и видеа од тебе не ни се потребни. Венко, потребна е твоја оставка веднаш, затоа што се важни нашите животи“, рече Митева.

Scroll to Top