Апасиев го прими рускиот амбасадор во Собранието

пред 3 години

Денеска во „Струшка соба“ на Собранието на РМ, пратеникот од Левица Димитар Апасиев оствари средба со рускиот амбасадор во Република Македонија – Н.Е. Сергеј Баздникин, информираат од партијата.

„На оваа прва официјална средба беше разговарано за предизвиците со кои се соочува земјата во време на пандемијата со Ковид-19, како и за ефикасноста на процесот на вакцинација на населението со руската вакцина „Спутник V“, која им беше понудена на македонските здравствени власти уште во месец август 2020 год. Отворени беа и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените антируски изјави на шефот на
дипломатијата – г. Бујар Османи, кои беа оценети како непотребни и провокаторски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите меѓудржавни односи,“ се вели во соопштението.

Scroll to Top