Арачиновец го возел „бентлито“ кое влета на скопскиот плоштад

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи информира дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран извесен Б.А. од Арачиново, кој со автомобил марка „бентли“ со поголема брзина се движеше низ скопскиот плоштад, загрозувајќи ја сигурноста на присутните граѓани.

Од МВР порачуваат дека и во наредниот период најостро ќе ги санкционираат сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните.

Scroll to Top