Ердоган го смени шефот на централната банка на Турција

пред 4 години

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го смени шефот на централната банка поради високата инфлација и рекордно ниската вредност на лирата.

Поранешниот министер за финансии Начи Агбал ќе го замени Мурат Ујсал, според указот на претседателот објавен во турскиот Службен весник.

Одлуката е донесена откако лирата изгуби скоро третина од својата вредност од почетокот на годинава и во петокот достигна рекордни 8,58 во однос на американскиот долар, а годишната инфлација беше 11,89 проценти.

Ујсал беше назначен за претседател на централната банка во јули 2019 година, откако неговиот претходник не успеа да ги намали каматните стапки за да ја зајакне економијата.

Scroll to Top