Асоцијација на пронаоѓачи: Драги Рашковски треба да го поддржиме, а не да го плукаме

пред 3 години

Ако нашиот пронаоѓач Проф. д-р Драги Рашковски ѝ укажал чест на нашата држава го пласира тука неговиот патент од областа на безбедност на сообраќајот треба да го поддржиме, а не да го плукаме, велат од Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија.

Од таму апелираат до сите партиски организации своите препукувања да не ги прават на штета на пронаоѓаштвото и велат дека сега сме во 2021 година, а не 1903 и дека светот оди напред, а ние мораме да го следиме.

Од Национална асоцијација на пронаоѓачи на Македонија се обратија до ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение по однос на, како што велат, нападите кон нивниот член Рашковски.

„Почитувани, ја цениме вашата загриженост за пронаоѓаштвото во нашата држава. Но би сакале да Ве потсетиме, во 2006 год. во тогашната Република Македонија имавме 340 домашни патентни пријави за да во 2016 овој број драстично и се намали на само 29 домашни патентни пријави. Вашата грижа за пронаоѓашвото не донесе во затворен партиски кафез. Од тие причини е формирана Национална Асоцијација на Пронаѓачите на Македонија (НАИМ) со чие основање, на нашите пронаоѓачи им отворивме светски пат, за нивно претставување на скоро сите континенти. НАИМ за многу кус период успеа да стане светски признаена организација и полноправна членка на ИФИА (Светска Федерација на Иноваторски Асоцијации).

Би сакале и да напомнеме дека, патентите се правна категорија, со која авторите (носители на патентните права) имаат монополско право на располагање и одлучување врзани за нивниот патент. Исто така треба да се знае, дека патентите не подлежат на тендери. Патем кога се работи за ваков вид на патентирна безбедносна опрема, таа може да се продаде само на институции кој се за тоа надлежни или на друга компанија (а во тој случај, истата би требале да ја увезуваме) ваква опрема не може да се продаде на Бит пазар“, велат од Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија.

Scroll to Top