Баздникин нема да се вакцинира со „Спутник V“од првата пратка

пред 3 години

Амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин нема да се вакцинира со вакцина од првата пратка „Спутник V“ што денеска пристигна на Скопскиот аеродром.

Тој очекува, како што рече, друга пратка „Спутник V“ наменета за Амбасадата.

-Ќе се вакцинирам штом ќе се појави можност. Овие вакцини се наменети за македонските граѓани. Јас се надевам дека ќе добијам пратка од вакцините „Спутник“ за Амбасадата, рече Баздникин, одговорајќи на новинарско прашање по пристигнувањето на вакцините.

Баздникин лично се ангажираше во набавката на руските вакцини „Спутник V“ за земјава.

Scroll to Top