Без струја утре делови од Карпош, Кисела Вода и Сарај

пред 3 години

Без електрична енергија утре, 25 февруари, од 9 до 11 ќе останат корисниците од ул. „Хаванска“ бр.3 и ул. „Варшавска“ бр.9. во општина Карпош, соопшти РЦУК по добиено известување од „ЕВН Македонија“.

Од 9 до 13 часот утре струја ќе немаат дел од корисниците од ул. 5 во село Усје, како и објектот за деца со посебни потреби во општина Кисела Вода. Од 9 до 15 часот, без струја ќе биде и објектот на наплатната рампа Арнакија, како и корисниците од селата Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Паничари, Чајлане и Раовиќ во општина Сарај.

РЦУК информира дека без електрична енергија утре од 9.30 до 11 часот ќе бидат и дел од корисниците од село Свиларе во општина Ѓорче Петров, а од 12.30 до 14.30 часот дел од корисниците од бул. „Партизански одреди“ и од улиците „Његошева“ и „Софиска“ во општина Карпош.

Scroll to Top