Битолскиот театар ги откажа претставите, потврдени се случаи на коронавирус

пред 4 години

Битолскиот театар ги откажа претставите откако биле потврдени неколку случаи на коронавирус.

„Почитувана наша публико, со жалење ве известуваме дека ни НТБ не остана имун на вирусот Ковид- 19. Веќе се изолирани неколку случаи и во тоа име сакајќи да го заштитиме нашиот колектив, а секако и вас драга публико претставите и работата на новата претстава се одложуваат за одредено време“, соопштија од Театарот.

Исто така, велат од таму, одговорно изјавуваме дека сите претстави, проби, промоции, концерти кои беа организирани во изминатиот период беа изведени под силни протоколи и по сите препишани мерки на заштита.

Scroll to Top