Болниот војник од Африка пристигна во Скопје

пред 3 години

55-годишниот македонски војник позитивен на Ковид-19 и суспектен на јужноафриканскиот сој рано утрово пристигна во Македонија, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација, напиша Шекеринска.

Заразениот војник беше транспортиран под посебни услови и протоколи и ќе биде во изолација, а целиот персонал на Клиниката за инфективни болести добил препораки строго да внимава и да се придржуваат кон протоколите за работа.

Заразениот војник заедно со уште еден војник бил во мисијата на Европската Унија за обучувачи во Централноафриканската република.

Scroll to Top