Бочварски: Завршува проектирањето на новиот експресен пат од Струмица до Коридор 10

пред 3 години

Проектирањето за изградба на нов експресен пат од Струмица до Коридор 10 кај Смоквица е во завршна фаза. Во следниот период ќе обезбедиме финансиски средства и ќе започнеме со изградба, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Валандово.

Министерот потенцираше дека се работи на неколку проекти во патната и комуналната инфраструктура во Валандово и регионот со што значително се подобруваат условите за живеење на жителите.

„Во првиот квартал од оваа година завршуваме со проектирање на нов експресен пат од Струмица и поврзување со автопат на Коридор 10, со што ќе ја имаме финансиската конструкција и влегуваме во нова етапа на обезбедување на финансиски средства за да може побрзо да отпочнеме со изградба на овој приоритетен проект за регионот. Понатаму преку буџетот на Министерството за транспорт и врски одвоивме 4 милиони денари за изградба на нов пат во населеното место Чалакли” , изјави министерот за транспорт и врски.

Бочварски истакна и дека преку Министерството за транспорт и врски, преку проектот за локални патишта, се работи за реконструкција на три улици во општина Валандово заради подобрување на локалниот развој на општината.

Scroll to Top