Вакцина против Ковид-19 досега примиле 97 илјади граѓани

пред 3 години

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 97.004 граѓани информира Министерството за здравство. Прва доза вакцина вчера примиле 12.487 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.725 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини. Втора доза од вакцините против Ковид-19 примиле 21.890 граѓани. Со последните бројки 32% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина.

Досега преку веб платформата vakcinacija.mk за вакцинација се пријавиле 256.346 граѓани.

Scroll to Top