Валандовец на Велигден силувал роднина од градот

пред 3 години

39-годишен жител на Валандово е уапсен доцна минатата ноќ поради основано сомнение дека на Велигден силувал сограѓанка со која бил во сродство , соопшти полицијата.

„На 04.05.2021 во 02.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода Д.У.(39) од Валандово, поради сомнение дека на 02.05.2021 извршил обљуба врз 39-годишна жена од Валандово, негова роднина“, информираа од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во полициското соопштение.

Scroll to Top