Гостиварец ја силувал невенчаната сопруга

пред 3 години

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

Според полицијата, тој во петокот, на 19 декември, во домот каде живеел во вонбрачна заедница со 34-годишна жена, со употреба на сила извршил обљуба врз неа.

Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар му одредил мерка притвор и тој бил спроведен во КПУ Затвор Скопје, соопшти МВР.

Scroll to Top