Василевска: Сè погласни се реакциите дека пописoт ќе биде израз на политички договор

пред 3 години

Законот за попис беше донесен без потребниот политички консензус во Собранието и спротивно на сите лажно декларирани заложби од владејачкото мнозинство, рече денеска на прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Според неа, вака истурканиот закон остава тежок сомнеж во општеството дека пописот наместо статистичка се планира да се изведе како политичка операција.

„Власта се одлучи сиот овој процес од креирање на законско решение па и до затворање на пописните резултати да го спроведе сама, без опозицијата. Власта донесе закон за попис кој што создаде недоверба во општеството и ги распали политичките желби и наддавања. Сè погласни се реакциите во општеството дека пописната операција ќе биде израз на политички договор наместо на статистичка спроведена операција, а тој момент се темели врз начинот на кој што ќе се води операцијата, без приложени документи, без јасно дефинирање кој ги дава податоците, како и на крајот, врзаниот потпис меѓу двајца именувани функционери од партнерите во власта“, истакна Василевска.

Таа нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ јасно стои зад потребата во Македонија да биде спроведен попис, но како статистичка, а не политичка операција.

Scroll to Top