Советникот на Трамп вели дека се подготвуваат за втор мандат

пред 3 години

Белата куќа се подготвува за вториот мандат на Доналд Трамп, изјави Питер Наваро, економски советник на републиканскиот милијардер кој одбива да признае пораз на претседателските избори што се одржаа на 3 ноември.

„Продолжуваме да работиме во Белата куќа со претпоставка дека Трамп ќе има втор мандат“, рече Наваро на каналот Фокс Бизнис.

„Мислам дека е навистина важно да се разбере дека сакаме проверени гласачки ливчиња и истрага за растечкиот број на извештаи за измама на сведоци кои потпишаа изјава под заклетва“, додаде тој.

Доналд Трамп по скоро една недела откако американските медиуми прогласија победа на демократот Џо Бајден, одбива да признае пораз.

Scroll to Top