Велигденска пресметка во Куманово, „играле“ пиштоли и ножеви

пред 3 години

Вчеравечер во центарот на Куманово се случил тежок инцидент во кој било употребено ладно и огнено оружје, а едно лице е пренесено во болница со убодна рана од остар предмет, соопшти полицијата.

„На 02.05.2021 во 23.25 часот во СВР Куманово, Е.Ј. од Куманово пријавил дека на ул.„Благој Илиев – Гуне“ имало инцидент во кој учествувал и неговиот брат Е.Ј., при што Б.И.(34) од Куманово пукал со оружје. Полициски службеници излегле на местото и по кажување на Ј.Х.(45) од Куманово, во врска со настанот, тој и Б.И. околу 23.00 часот биле на крстосницата од ул.„Благој Илиев – Гуне“ и „Тоде Мендол“ и во тој момент им се доближило едно лице кое со остар предмет го нападнал и му нанел убодна рана на Б.И“, се вели во известувањето од МВР.

Повредениот бил пренесен во болницата во Куманово, каде му била укажана лекарска помош, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот, се додава во соопштението.

Scroll to Top