Вечерва почувствуван земјотрес на подрачјето Тетово-Гостивар

пред 3 години

Вечерва почувствуван земјотрес на подрачјето на Тетово и Гостивар информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, вечерва, во 20 часот и 40 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50km југозападно од Скопје, информираат од опсерваторијата.

Земјотресот бил со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Според досегашните податоци земјотресот бил почувствуван од населението во Дебар, Гостивар, Кичево и Маврово, додаваат од опсерваторија.

Scroll to Top