Во делови од Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

пред 3 години

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4.0 во соседна Албанија, бил почувствуван во делови од државава синоќа околу и 3 часот и 29 минути по полноќ, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Од таму посочуваат дека земјотресот чиј епицентар се наоѓал во соседната земја, 145 километри југозападно од Скопје, бил особено почувствуван во југозападните делови на Македонија со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Scroll to Top