(ВИДЕО) Арсовски: Вето има зошто Заев дома ветуваше датум, а на Бугарите распродажба на идентитетот и бизниси во земјава

пред 3 години

Клучните политики на Заев и СДСМ со кои го лажеа народот во Република Македонија се разобличени. Тоа се живот за сите и влез во ЕУ. Ниту има живот за сите, ниту влегуваме во ЕУ во блиска иднина. Треба да се биде објективен и да се признае дека виновник за ветото е Зоран Заев кој дома ветуваше датум, а на Бугарија им ветувал историја, народ, малцинство кое ќе биде дефинирано од бугарската држава. Сето ова се удира во ѕид. Живот за сите нема затоа што испокрадоа СДСМ се што можеа и се што можеше да се испокраде, додека пак во ЕУ не влегуваме од неколку причини – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес конференција.

„Проблемот кој го има Бугарија со Република Македонија, не е туку така настанат, туку настанат е заради несериозната и неискусна „патлиџан” дипломатија на СДСМ, Заев и Димитров. И оттука слободно можеме проектот на Заев, Димитров, Шекеринска за влез во ЕУ да го прогласиме за политички мртов.Покрај несериозната дипломатија, распродавањето како на пазар на национални и свети интереси на Република Македонија и македонскиот народ, нашите информации говорат дека Зоран Заев ветувал и многу други работи, кои немаат никаква поврзаност со дипломатија и ЕУ интеграција, туку само со обичен бизнис“ – порача Арсовски.

Тој уште и праша какви концесии имал премиерот Заев кон поедници во бугарската влада.

„Дали е точно дека Заев ветувал на одредени луѓе, дека на патот кон ЕУ, како дел од цената за обезбедување поддршка од бугарската влада ќе биде и директна продажба на одредени државни удели во државни институции коишто ги поседува Република Македонија и владата, кои треба да преминат во капитал на бугарски бизнисмени, удели за кои и најавија продажба од самата Влада на Заев? Тука би ги потенцирал делот кој го поседува Владата во Телеком, железничкиот транспорт, ТЕЦ Неготино, Македонски пошти и уште неколку приватни компании“.

Арсовски повторно повика Заев да ги поднесе оставка.

Scroll to Top