(ВИДЕО) Каракачанов: С. Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки

пред 3 години

Рeпублика Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го дадовме, вели вицепремиерот и минстер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов за бугарската Нова.

Според него, РС Македонија имала шанса да одреди датум за разговори уште во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа. Бугарија не стави вето, таа едноставно рече дека не се подготвени за датум за преговори, вели Каракачанов.

Според него, Бугарија е „за“ проширување на ЕУ на Западен Балкан, а јазикот не омразата кон сè што е бугарско го загрижува.

– Омразата се заснова на грубо и грозоморно фалсификување на историјата, додава тој.

„Бугарија има негативна слика со навредливи квалификации во македонската свест. РСМ има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го дадовме“, рече министерот.

Scroll to Top