ВИДЕО: Брутална пресметка во центарот на Струмица, човек претепан со шипки, клоци и тупаници

пред 3 години

Околу пладне денеска во центарот на Струмица се случила тепачка во која учествувале повеќе лица. Снимка од настанот беше објавена на социјалните мрежи и предизвика многу реакции, но засега нема повеќе детали.

На снимката се гледа како група од 7-8 луѓе го бркаат човекот, по што го стигнуваат на улица и брутално го тепаат.

ОД СВР Струмица информираат дека настанот бил пријавен во полицијата околу 12:00 часот од граѓани.

Оттаму посочуваат дека Секторот за внатрешни работи Струмица во кординација со Основното јавно обвинителство презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Scroll to Top