ВИДЕО: Верниците не ги исплаши коронавирусот, се собраа во црквите да го го чествуваат Бадник

пред 3 години

Иако свештените лица порачаа Бадник и Божиќ да се обележат скромно без масовни прослави, групирања и седенки, верниците од скопската населба Аеродом се собраа пред една од црквите на булеварот „Јане Сандански“ каде што имаше божиќна литургија која се држеше во чест на празникот.

Луѓето беа наредени пред црквата, најголемиот број носеа заштитни маски, но можеше да се забележи дека не се држеше дистанцата од два метра. Некои од верниците велат дека не можеле да останат дома, затоа што Бадник и Божиќ се најголемите христијански празници и затоа решиле да дојдат во црква.

„Не можеме да прославиме без молитва и благослов“, ни изјавија дел од нив.

Во црквата имаше и свештеници кои упатија пораки и апел за одговорно празнување. Како што информираа тие, овојпат во црквите нема причест, а не се делеше ниту осветената нафора. Верниците можеа да купат свеќи и да ги запалат во црковниот двор, а дел нив  ја бакнуваа влезната врата од црквата.

Пандемијата со корнавирусот не ги спречи ниту струмичани да го прослават Бадник со традиционалното чествување во црквите, при што децата од бадниковата поворка ја испеаја божиќната песна и го најавија Христово раѓање. На видеото може да се забележи дека децата пееја без маски, наредени едно до друго и без растојание меѓу нив. За време на изведбата тие беа придружувани од музичари, како и верници кои на крајот од изведбата ги поздравија децата со аплауз.

Некои од црквите, пак, останаа празни, без верници, иако црковните врати беа отворени за посетители.

Пред празниците, свештениците порачаа до верниците Бадник и Божиќ да се одбележат скромно, без бадникови огнови, бадникови поворки и масовни прослави.

Scroll to Top