(ВИДЕО) Герасимовски: Интензивно работиме во подобрување на патната инфраструктура во општина Центар

пред 4 години

„Започна реконструкцијата на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец на потегот од Рузвелтова до Водњанска. Оваа улица е меѓу главните сообраќајници во Капиштец и од големо значење за жителите на Општина Центар.

Вредноста на проектот е околу 20 милиони денари, со што се опфаќа потег во должина од околу 1000 метри. Предвидена е целосна реконструкција на коловозот, на оштетените делови од тротоарите, замена на оштетените рабници, како и корекции на крстосницата со Рузвелтова“, рече Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар.

„Се поставува и нова водоводна мрежа од 235 должни метри, атмосферска канализација од 219 должни метри, а има и нова фекална канализација во должина од 242 метри.

Приоритетите на оваа власт се јасни – продолжуваат инвестициите со кои се овозможува поквалитетно секојдневие за секој центарец“, изјави Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар.

Scroll to Top