(ВИДЕО) Заев: Испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ

пред 3 години

Владата останува на утврдениот стратешки колесек, испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ. Ќе продолжиме со реформите со силен интензитет, наша обрска е да ги спроведуваме европските стандарди дома. За нас нема друг пат, нема друга алтернатива и нема откажување. Продолжуваме како и во првите 100 дена, заедно со граѓаните, со грижа и со одговорност, обезбедуваме сигурност, порача премиерот Зоран Заев на денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот на Владата.

– Со членството во НАТО нашата безбедност е гарантирана, остварена е стратешка цел, нашиот суверентитет, интегритет се под целосна заштита на најмоќната политичка и воена алијанса во и сторијата на човечката цивилизаиција. Во НАТО сме еднакви со најразвиените и најмоќните земји во светот. Активно придонесуваме за одржвуање на мирот во светот и за подобрување на стабилноста пред се во нашиот регионот, што е клучен предуслов за одржлив економски развој, рече премиерот Заев.

Во изминатите сто дена едно од прашањата на кое секојдневно беше посветена оваа Влада беше изнаоѓањето решенија за прашањата што ги постави Бугарија како пречка пред конечна согласност за одржувањето на Правта меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ, рече ремиерот Заев.

-Оваа Влада, ниту нашата држава ниту, нашиот народ немаме ни најмала вина за оваа ситуација. Ние застанавме цврсто на ставот дека македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори, дека ние не можеме и никогаш нема да се откажеме од нашето право на самоопределување кое е гарантирано со Повелбата на ОН и со сите други меѓунадорни договори и конвезнции кои ги има потпишано дури и Р Бугарија. Се надеваме дека штетата што е предизвикана од ова неоправдано вето за европските интергации на регионот и за европските вредности ќе се надомести бргу, рече Заев.

Владата на Северна Македонија, додаде, нема да дозволи неуспехот на патот кон ЕУ со неодобрување на преговарачката рамка да предизвика застој на внатрешните реформи.

Scroll to Top