ВИДЕО: Засилени сообраќајни контроли во Струга: 50 санкции за еден час

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Струга, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес-конференција во Струга. – Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата, рече Ангеловски. Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Струга да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. – Само за еден час во денешната акциска контрола во Струга се изречени 50 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и друго, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Струга ќе бидат презентирани во текот на утрешниот ден. Текстот ВИДЕО: Засилени сообраќајни контроли во Струга: 50 санкции за еден час е превземен од А1он .

Scroll to Top