(Видео) Здравковски: Царовска да ги објасни мултимедијалните содржини на фотокопии

пред 3 години

Во недостаток на аргументи и немање конкретни одговори на поставените прашања од страна на наставниците, родителите, учениците и пратениците Мила Царовска го губи тлото под нозете и во паника сѐ почесто се обидува да ја спинува темата, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

„ Арогантно и инаетливо ги навредува сите, им го проценува капацитетот и кредибилитетот на пратениците, ги омаловажува родителите, ги критикува наставниците и сето незадоволство од споменати го припишува на влијанието на ВМРО-ДПМНЕ“ рече Здравковски.

Тој додаде дека како партија немаат ништо против дигитални учебници со интерактивни и со мултимедијални содржини и со наратор по можност да биде додаден. Тие бараат печатени убаво илустрирани, модерни учебници за учениците кои ќе посакаат да ги имаат. Исто така, бараат министерката да го оствари тоа што во концепцијата самата го има предвидено, а тоа е еднаков пристап и еднакви можности за сите во образовниот систем. Тоа, како што рече Здравковски, со дигитални учебници за оние кои може да си ги дозволат и печатени учебници, еднакви на црно – бели фотокопии едноставно не е можно.

„ Царовка да ги објасни мултимедијалните содржини на фотокoпии, всушност да го објасни принципот на „дрвено железо“. Како во така печатени учебник, кој таа го промовира, ќе се пренесат мултимедијалните содржини од дигиталниот учебник? Откако и стана јасно дека тоа не е можно сега ветува библиотечен фонд во секое училиште од таблети. Ние не и веруваме, затоа што ништо што оваа Влада што го ветила го нема остварено и длабоко сме убедени дека доколку имаше сериозна намера тоа да го стори, таа и досега ќе обезбедеше таблети за најранливите категории. Тоа како и кога ќе ги изготви дигиталните учебници се уште нема одговор“ побара тој.

Здравковски нагласи дека конфузијата и неконзистентноста по изјавите, дополнително ја влошуваат состојбата и недовербата. Според него, паниката е веќе видно присутна кај Царовска и довела до злоупотреба на европското знаме и негово додавање на Предлог законот за измени и дополнување на законот за учебници.

Злоупотреба на моќ, против сопствениот народ го промовира на најсилно можно ниво, порача Здравковски.

Scroll to Top