СДСМ: Мицкоски да објасни за скандалот со Цех, а институциите треба да го истражат

пред 3 години

„Надлежните државни институции треба да постапат и да го истражат сомнителното финансирање консултанти во 2016 и 2017 година, за кој во Германија пратеник си поднесе оставка, откако индиректно го призна ВМРО-ДПМНЕ.

Скандал ја тресе белата палата по оставката на пратеникот на германската Христијанско-социјална унија, ЦСУ, Тобијас Цех, кој, според германските медиуми „Шпигел“ и „Фокус“ во 2016 примал исплати од петоцифрени суми, за консултантски услуги од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

„Мицкоски пред граѓаните треба да каже која била неговата улога тогаш како генерален секретар, а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во крајно сомнителното финансиско работење на неговата партија.

Мицкоски е должен да излезе пред јавноста и да одговори од каде се овие огромни суми пари и на кој начин биле исплатени?

Тој е должен пред граѓаните, како и пред партиското членство и да одговори за сите скандали со финансиското работење на партијата што ја предводи.

Партијата која денеска е со замрзнат имот, со блокирани сметки е пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати е казнета од граѓаните, затоа уште долго ќе остане во опозиција“, соопштува СДСМ.

Scroll to Top