ВИДЕО: И годинава гужви по струшките улици, за традиционалната литија

пред 3 години

Гужви без дистанца, но и носење на заштитни маски со силно обезбедување. Вака за разлика од минатата година се одржува струшката литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец”, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица. Жителите но и туристите се на улиците, струшката чаршија е преплавена од луѓе, но се почитуваат и мерките за заштита од коронавирус.

За разлика од минатата година кога целосно без дистанца и маски се одржа овој собир, годинава организаторите, но и граѓаните внимаваат да ги испочитуваат мерките.

На собирот, освен граѓаните, заштитни маски носат и свештените лица кои се дел од поворката. На собирот има големи плакати на кои пишува да се почитуваат мерките за заштита од вирусот, да се одржува дистанца и носат заштитни маски. Опомени за оние кои ги прекршуваат мерките, доаѓаат од полицијата, како и од приватното обезбедување кое е ангажирано за настанот.

На струшките улици, почит кон моштите и иконите, оддаваат и монаштвото, заедно со носачите на крстови, бајраци, икони. Оваа година, изостана оркестарот и традиционалното тржество. На церемонијата има и коњаник.

Инаку, традиционално на 7 мај, секоја година, во струга се одржува литијата со моштите од Свети Георгиј Победоносец од истоимениот манастир во Рајчица. Исто така, се одржува и вечерна богослужба. Церемонијата по струшките улици започна во 17 часот.

Scroll to Top