Златниот венец на Струшките вечери на поезијата годинава за британската поетеса Керол Ен Дафи

пред 3 години

Британската поетеса и драматург Керол Ен Дафи е овогодинашна добитничка на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП), соопшти денеска амбасадорката на Северна Македонија во Париз и претставник во УНЕСКО, Јадранка Чаушевска-Димов. Амбасадорката во текот на одбележување на 100-годишнината на раѓањето на Блаже Конеси, официјално ги објави имињата на лауреатите на „Златниот венец на Струшките вечери на поезијата” и на наградата „Мостови на Струга“.

Керол Ен Дафи, родена во Глазгов во 1955 година, е една од најзначајните современи поетеси во Велика Британија, авторка на педесетина книги и досегашна добитничка на значајни книжевни награди и високи одликувања, меѓу кои и почесните титули Дама-заповедник на Редот на Британската Империја (2015) и Поет-лауреат на Обединетото Кралство (2009-2019). Таа е прва жена британска поетеса лауреат, исто така е првиот шкотски и првиот јавен ЛГБТ уметник.

Наградата за дебитантска поетска книга доделена во соработка со УНЕСКО, „Мостови на Струга“, му припадна на Владан Кречковиќ, роден во Белград во 1988 година. Наградената книга Париз,Тексас, насловена според култниот филм на Вим Вендерс, на еден мошне суптилен и непретенциозен начин говори за љубовната разделба без патетика и нуди поинаква перспектива на оваа вечна тема.

Scroll to Top