(Видео) Казнети 176 возачи во Карпош

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на Карпош изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои 24 за возење без возачка дозвола, 15 за нерегистрирани возила, 6 санкции за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти полицијата.

Scroll to Top