Санкционирани 266 возачи во Карпош

пред 4 години

На територија на Општина Карпош вчера беа изречени вкупно 226 санкции, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информира МВР.

Од вкупниот број на санкции, 14 се изречени за возење без возачка дозвола, 15 за нерегистрирани возила и 24 за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.

Scroll to Top