(ВИДЕО) Костадинова: Добивме професионална, независна Комисија за заштита од дискриминација со засилен капацитет и проширени надлежности

пред 3 години

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ преку усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација на дело ја потврди својата заложба на градење фер, праведно и правично општество за сите.

Со ова законско решение кое е целосно усогласено со правото на ЕУ, се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација.

Истовремено, со новиот Закон се зајакнува и капацитетот на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, а нејзините надлежности се прошируваат во насока на превенција“, рече Бисера Костадинова, пратеничка на СДСМ.

„По заокружување на процесот, државата конечно доби нов состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, состав кој се одликува со независност и професионалност на избраните членови.

За разлика од некои минати времиња кога членови на ова важно тело се бираат строго по партиска директива, актуелниот состав е избран на јавен, транспарентен начин низ строго утврдени критериуми.

Комисијата со новите проширени надлежности ќе има важна улога во превенирање на дискриминацијата и заштита на човековите права.

Очекуваме и ја охрабруваме Комисијата да работи одговорно, совесно и професионално во сузбивање на секаков вид дискриминација.

Во модерно, демократско општество какво што е нашето, нема место за дискриминација кон било која група или поединец.

СДСМ и парламентарното мнозинство што го предводи, остануваат посветени на интересите на сите категории граѓани“, изјави Бисера Костадинова, пратеничка на СДСМ.

Scroll to Top