(ВИДЕО) Костадинов: Ние сме Македонци со македонски идентитет, нема потреба од какви било меморандуми за тоа

пред 3 години

„Како што реков и во прес-конференцијата очекувам дека Христијан Мицкоски треба да излезе пред јавноста и јасно и гласно да им се извини пред се на Македонците а секако и на сите останати наши сограѓани во нашата Република Северна Македонија.

Ние во НАТО алијансата влеговме како Македонци кој што зборуваат македонски јазик. Истото ќе се случи со нашиот влез во Европската Унија. Нашите црвени линии се нашиот македонски идентитет и македонски јазик и за тоа ниту се разговарало, ниту се преговарало, ниту тоа во иднина ќе се случува“, одговори Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ на новинарско прашање.

„По изнесените лаги, клевети, по ширењето на таквите дезинформации, за што потврди студија од Европската Унија, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски разбирам дека нема друг начин како да се извадат од таквата ситуација. Единствено што им останува е дополнително да шират хистерија помеѓу граѓаните“, додаде Костадинов.

Scroll to Top