(Видео) Костовски: СДСМ е јасен, нема разговори за македонски јазик и македонски идентитет, тие се потврдени

пред 3 години

СДСМ е јасен, нема разговори за македонски јазик и македонски идентитет, тие се потврдени, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ, на новинарско прашање зошто СДСМ упорно не сака прашањето околу преговорите и разговорите со Бугарија да се најде на разговор во Собранието, дали преку Комисијата за надворешни работи или пак на пленарна седница, имајќи ги предвид последните случувања кој што се драматични и укажуваат на вето?

„Дали треба да разговараме дека сме Македонци што зборуваат македонски јазик? Оној кој што смета дека за тоа прашање треба да се разговара , слободно може да разговара но не во македонското собрание. За Социјалдемократскиот Сојуз и мнозинството во собранието за ова прашање нема простор за разговор. Ние сме Македонци кој што зборуваат македонски јазик“, изјави пратеникот.

Scroll to Top