(Видео) Кузеска: Обвинителството да ги испита наводите за закани и рекет врз бизнисмени од страна на Мицкоски

пред 2 години

Јавноста деновиве слушна сведоштва на бизнисмени но и на актуелни градоначалници како Христијан Мицкоски се заканувал и вршел притисоци за одредени тендери во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ, истакна на прес-конференцијата, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Шемата е иста како онаа неговиот ментор Никола Груевски и неговиот 11 годишен режим чиј дел беше и самиот Мицкоски. Ова се сериозни обвинувања од страна на бизнисмени и градоначалници за сериозна вмешаност на Мицкоски во незаконско постапување. Јавното обвинителство мора по допрен глас да ги истражи овие наводи“, нагласи Кузеска.

Ова, како што рече, е особено важно по последната пресуда за Талир 2 и докажаните шеми на криминално функционирање на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како на пример и случајот со плацевите на Водно каде меѓудругото и Никола Груевски доби судска казна со 7 години затвор и конфискување на тајниот имот. Важно е да се испита дали такви криминални шеми постојат и сега под раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да излезе од криминалната и режимска матрица, оваа партија знае само за одбрана на криминал, за закани и уцени“, нагласи Кузеска.

ВМРО-ДПМНЕ, оценува таа, е иста и како власт и како опозиција, работи на штета на интересите на граѓаните и државата.

Scroll to Top