(Видео) Маричиќ: Конечно создадени се сите услови за проветрување на правосудството

пред 3 години

Министерот за правда Бојан Маричиќ по состанокот на Советот за реформи во правосудството изјави дека следната година ќе се направи најавената филтрација на судството. Според министерот преку овој процес ќе се врати изгубената доверба на граѓаните во правната држава.

„После цела една година се состана ова тело и се донесоа важни одлуки. Пред сè, се усвоија интерните планови на Судскиот совет за проверката на работата на судовите, претседателите на судовите и судиите, а исто и методологијата за оценување на судиите и претседателите на судовите. Тоа е главна алатка за најавеното филтрирање и проверка на работата на судиите и судовите“, изјави Маричиќ.

На седницата беше разгледан и поддржан правилникот за оценка на работата на јавните обвинители, кој се носи како резултат на веќе донесениот Закон за Јавно обвинителство.

„Мислам дека се создадени сите услови и во судството и во обвинителството да имаме една квалитетна проверка и едно професионално проверување на работата и на судството и на обвинителството“, изјави Маричиќ.

Scroll to Top