(ВИДЕО) МВР: За 36 отсто намален бројот на жртви во собраќајот

пред 3 години

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струга и Охрид, при што санкционирани се 179 (84+95) возачи, а денеска во Кичево за повеќе од два часа имаме 50 санкционирани возачи, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес-конференција во Кичево.

– Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви, изјави Ангеловски.

Споредено ноември 2020 година со ноември минатата година, МВР регистрира дека за 21 отсто е намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди.

И на територијата на СВР Охрид е евидентно намалувањето на сообраќајни незгоди, осбено оние со тешки телесни повреди, кои се намалени за 43 отсто.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР. Воедно, од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top