(ВИДЕО) Мисајловски од Куманово: ВМРО-ДПМНЕ е тука да ги слушне проблемите на граѓаните и да изготви програма со кои што ќе се решат истите

пред 3 години

„Пред се ви благодарам на вас медиумите што дојдовте. Многу пати кога бе и носител на изборната единица два и често пати доаѓав во Куманово, и спомнав дека ќе доаѓаме и кога ќе нема избори, да се гледаме со граѓаните, да се гледаме со сите оние загрижени луѓе за сите проблеми што ги тештат.

Но, добро е, еве и денеска заедно и пратеничката група, со Дафина Стојаноска и пратеникот, Бране Петрушевски и се разбира со целосна поддршка и од Комитетот во Куманово, да се видиме со што повеќе луѓе и да разговараме на повеќе теми. Каде што сега во овој момент имавме пред малку разговори со некои угостители тука од Куманово, па потоа ќе се сретнеме и со други луѓе да разговараме за обичните проблеми, но и проблемите на фелата што ги засега“, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Знаете оваа власт веќе четири години најавува се и сешто. Најавува дека е толку добро, толку е убаво во нашата земја, поготово тука исто во Куманово, каде што отсекогаш се власт, дека се е розево, дека проблеми веќе нема, а граѓаните се среќни. Но, не е така. Имаат доста проблеми граѓаните, еве и денеска од угостителите можеме да слушнеме дека сите оние мерки што се најавуваат сепак не допираат директно до нив. Еве веќе петтиот сет што го најавуваат мерки се уште не е испорачан. И навистина имаат големи проблеми. Они бараат само едноставно власта да ги слушне. Затоа еве ние даваме целосна поддршка на угостителите не само како пратеници, туку и како партија, да им се излезе во пресрет.

Се разбира, ова е голем удар и за човештвото оваа пандемија, насекаде ја има. Но, мора да има слух, бидејќи знаете колку невработени има, колку луѓе можат да останат на улиците, но сепак пред се мора овие градови да живеат и овие угостители да имаат можност за работа. Затоа е добро не само ние како опозиција да се среќаваме со нив, секако задоволство ни е да го прошириме нивното мислење, она што ќе го кажат да го споделиме со вас, со граѓаните, со народот, но секако и власта да го чуе.

Затоа ние ќе продолжиме на терен, ќе се гледаме со многу луѓе. Денеска започнуваме тука во Куманово. Многу е важно кога нема избори да бидете на терен. Иако има локални избори за неколку месеци од сега, но целта на овие наши средби е да се видиме со што повеќе луѓе, да разговараме, а секако ние како пратеници утре да можеме и да предлагаме законски мерки.

Знаете дека Собранието не функционира, одвај можат да се соберат да направат кворум. Потешкотии има на целата влада во работењето, гледате на секое поле имаме крах, дали во интеграции, дали во капитални проекти, дали во транспорт, дали во локална самоуправа, насекаде за жал е катастрофа поготово во здравството.

Затоа ние ќе излеземе на терен. Неколку тимови од ВМРО-ДПМНЕ излегуваат заедно со граѓаните, а се разбира сите овие проблеми утре да може да бидат можности за правење една програма каде што навистина ќе им помогнеме на сите луѓе, но и тековно да ги решаваме колку што можеме од опозиција сите проблеми на луѓето тука во ова убаво Куманово, но и насекаде во Македонија“, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top