ВИДЕО: Маж се качи на кулата на Трамп и побара да разговара со него

пред 4 години

Маж на возраст од околу 20 години и наводно член на движењето „Црните животи се важни“ се искачил на кулата на Трамп во Чикаго вчера околу 17,30 часот и висел на јаже со часови додека полицијата се обидувала да го убеди да слезе, пренесува Њујорк пост.

Полицијата соопшти дека човекот се заканил дека ќе се самоубие доколку не разговара со Доналд Трамп.

На видеата што се појавија на социјалните мрежи може да се забележи маж како виси на портокалово јаже, тврдејќи дека е член на движењето и дека има порака за Трамп.

„Не сакам да умрам, но ако некој се обиде да го повлече ова јаже, ќе скокнам и ќе умрам“, рече човекот.

Како што се наведува, тој се снимал со камера и ги давал тие изјави, а сè било пренесувано во живо на Фејсбук.

“Имам нож. Ако некој го повлече јажето, ќе го пресечам”, рече момчето.

Тој додаде дека ако Трамп вети нешто, тој мора да го исполни пред изборите.

Засега е непознато како завршила ситуацијата.

Scroll to Top