(Видео) Николова: Во тек е изградба на булеварот АСНОМ и новиот мост кој ќе го поврзе Аеродром со Гази Баба и Центар

пред 4 години

Во тек е изградбата на втората фаза од изградбата на  булевар АСНОМ која вклучува изградба на нов мост преку Вардар кој ќе ја поврзува општина Аеродром со соседните општини Гази Баба и Центар, кај населбата Ќерамидница, на крстосницата со бул. Гоце Делчев и ул. Беласица, изјави Даниела Николова од СДСМ Аеродром.

„Со изградбата на овој мост двојно се крати времето потребно за патување од Ново Лисиче до Центар, односно од Ново Лисиче до Мавровка би се стигнувало за помалку од 5 минути“, рече таа.

Николова информира дека во завршна фаза е и реконструкцијата на бул. Видое Смилевски Бато, а минатата година целосно бил реконструиран бул. Февруарски поход и ул. Владимир Комаров на потегот од Железничка до бул. Јане Сандански.

„Преку Општина Аеродром изградивме и реконструиравме голем број улици во сите делови на општината: нови краци на улицата „Пандил Шишков“, нова улица со јавно паркиралиште покрај улицата „Фрањо Клуз“, нова улица „Новопроектирана 3“ кај висококатниците, повеќе краци на улицата „Венијамин Мачуковски“ во Мичурин, улиците „Тодор Чангов 20“,„Тодор Чангов 41“и „Ѓорги Капчев 9“, „Божин Николов – Силни“ во Горно Лисиче и улица „20“ во Долно Лисиче. СДСМ продолжува да работи на изградба на нова и реконструкција на постоечката патна инфраструктура во сите делови на општина Аеродром“, изјави Николова.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top