Тројца повредени во вчерашната сообраќајка на булеварот „АСНОМ“

пред 3 години

Вчера околу 10,25 часот во Скопје на крстосницата од булеварот „АСНОМ“ и сервисна улица кон хотел во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“, управувано од 34-годишниот М.П. од Скопје и возило „сузуки балено“ управувано од 47-годишниот Ј.Ј. од село Петровец, Скопско.

По незгодата, Ј.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била констатирана тешка телесна повреда, додека на возачот М.П. и неговиот сопатник 60-годишниот Љ.П. од Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од доктор им биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Scroll to Top