ВИДЕО: Патници во ЈСП се закануваат со убиства, бидејќи им кажале да стават маски

пред 3 години

Со закани и навреди одговориле двајца скопјани откако постара жена им посочила да стават маски на лицата додека се превезуваат со автобусот на ЈСП. Од видеото се гледа и слуша како двете лица тропаат по држачите на автобусот, се дерат по патниците и шоферот.

За случајот е запознаено и Министерството за внатрешни работи од каде валат дека се работи на негово расчистување.

„Ќе те носам, во киселина ќе те турам… не знаеш со кого имаш работа. Не знаете со кого имате работа…“, и се обраќа еден од патниците кои се закануваат на жената.

Другиот бара од шоферот да го запре автобусот, а откако добива одговор дека нема тука автобуска постојка, тој одговара: „Ако нема, јас ти кажувам“.

Според описот на видеото, тие упатиле и закани дека ќе им ги сечат главите на патниците кои реагирале на нивното неносење на маски.

 

Scroll to Top