(ВИДЕО) Се шири снимка со разиграни жени во кафеана: Сопственикот и Пазарна тврдат дека не е од вчера

пред 3 години

Разиграни жени, келнери со маски и гласна музика – видео со ваква содржина е објавено на социјалните мрежи. Истото предизвика лавина од негативни коментари. Објавувачот под псевдоним „Марушка“ на „Твитер“ напиша дека е направено во кафеаната „Дебар маало“, без да прецизира датум. Со оглед дека на него има само жени, впечатокот на граѓаните беше дека е снимено вчера, на осми март – денот на жената. Од Пазарниот инспекторат велат дека вчера инспекторите правеле контроли, но не затекнале ваков момент. Негира и сопственикот на кафената, кој за „А1он“ објаснува дека снимката е стара, но не може да прецизира кога точно е снимена.

„Нема врска, тоа е стара снимка. Не знам кој има интерес од тоа да нè напаѓа. Вчера имаше контрола, инспекција, полиција. Не знам што прават филмови. Ова е старо. Со коронавирус сме веќе година дена. Мерките се почитуваат. Ако не сте биле во мојата кафеана, дојдете, пребројте ги гостите, секој божји ден, 70 отсто од гостите се жени кај нас. Во најбош ден дојдете, ќе видите дека се претежно жени во кафеаната. Таа снимка е некаде околу есента, не знам точно, кај можам да паметам тоа. Еден куп луѓе се вртат таму. Слободно нека дојдат нека видат на терен што се случува“, вели сопственикот на кафеаната „Дебар маало“ за „А1он“.

На снимката се гледа дека масите се разделени една од друга. На голем дел од масите кои се гледаат седат по четири лица, што е мерка донесена од Владата за заштита од коронавирусот донесена крајот на мај 2020 година. Келнерите кои разнесуваат храна, носат маски, се гледа на снимката. Директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски за „А1он“ вели дека и одново ќе се направат проверки за да се утврди дали снимката е направена вчера.

„Инспекторите кажуваат дека синоќа во цело Дебар маало, немаат затекнато вакво нешто. Ќе проверат уште еднаш, за да утврдат дали видеото е од вчера или лани“, вели Пауновски.

Инаку, забраните за организирање на прослави и натаму се во сила, заедно со ограничување на музиката на 55 децибели, за да не се поттикнуваат гостите да се забавуваат и притоа да го шират вирусот.

Scroll to Top