Приведени Миленко Неделковски, Александар Пандов и Владимир Панчевски, и по полноќ биле во кафеана во Стајковци

пред 3 години

Полицијата синоќа привела дваесетмина луѓе кои во кафеана во скопско Стајковци не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот. „А1он“ дознава дека меѓу приведените се новинарот Миленко Неделковски, политичкиот аналитичар Алксандар Пандов и разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

„На 26.02.2021 година во 22.00 часот во УО ’Кај Џустра ‘ лоциран на ул.6 бб во село Стајковци, сопственост на Силвана Петковска. Во објектот се затекнати околу 20 лица кои се приведени во ПСОН Гази Баба поради непочитување на мерките за заштита од Ковид – 19,  за понатамошна постапка“, извести МВР.

Друштвото во Стајковци било многу поголемо од приведените, но многумина успеале да избегаат во моментот кога полицијата влегла во објектот.

Акцијата била на иницијатива на Државниот пазарен инспекторат. Директорот Стојко Пауновски за „А1он“ рече дека досега имале неколку дојави дека во кафеаната во Стајковци се прават забави, но во моментот кога инспекторите се појавувале на лице место забавите биле завршени.

Инспекторите синоќа во 1 часот по полноќ се појавиле и ја затекнале кафеаната полна, спротивно на протоколите за заштита од Ковид – 19. Полицијата ги привела затекнатите лица, а потоа случајот го документирале инспекторите од Пазарниот инспекторат. Угостителскиот објект покрај казната за непочитување на протоколите, ќе добие и друга казна оти биле утврдени недостатоци во документацијата.

Scroll to Top