(Видео) Силјановска-Давкова до Заев: Не се станува Европеец преку скратени постапки за носење на закони

пред 3 години

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова, на денешната седница за пратенички прашања упати неколку прашања до премиерот Заев и претставниците од владата, при што и укажа на владата на, како што рече, незаконието кое го прават, преку непочитување на законите, особено со праксата на ставање на европско знаме на секој еден закон.

Како што кажа таа, дури се случува да пристигне во Собранието закон по редовна постапка, па истиот да исчезне и на крај да се врати под европско знаме.

„Ќе се согласите дека не се станува европјанин со веење на европско знаме, туку со редовна постапка и со три читања зошто таа гарантира инклузивност и дијалог“, му се обрати Силјановска на Заев.

Пратеничката констатираше дека наместо скратената постапка да биде исклучок, таа станува правило.

Scroll to Top