(ВИДЕО) Стојаноски: Заев и СДСМ туркаат фалсификат попис

пред 3 години

„Заев и СДСМ туркаат фалсификат попис. Наместо статистичка операција прават политички договор. Пописот е најголемата статистичка операција во една држава, која се темели на стриктна методологија, со цел да се добијат податоци за бројот на населението, неговата возраст, распореденост по општини и региони.

Податоците од пописот се исклучително важни за државата и нејзините институции во планирањето на политиките на среден и долг рок, затоа и тој се спроведува на 10 години. Пописот во ниту еден случај не смее да биде исполитизиран и спроведен нестручно, но токму тоа го прави СДСМ“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев од пописот наместо статистичка операција прави политичка операција. Власта го турка целиот процес без поширока консултација со опозицијата и другите релевантни чинители.

Заев целосно ја исклучува јавноста и предлозите на опозицијата водејќи го процесот без консензус. Зоран Заев исто како што организира талибански избори, сега сака да организира талибански попис. За таквиот талибански попис, Заев го злоупотребува европското знаменце за носење на закони, со што пописот, кој што не е закон за усогласување со европската пракса го турка по брза постапка во Собранието.

Зоран Заев да се откаже од спроведување на талибанскиот попис, затоа што не само што ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае, туку и државата нема да има релевантни статистички податоци. Оттука ја повикуваме власта да ги прифати предлозите кои ги даде ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top