ВМРО-ДПМНЕ: Илјадници скопјани се потпишаа против фалсификат пописот на Заев

пред 3 години

„Илјадници скопјани денеска се потпишаа против фалсификат попис на Заев, масовно од сите скопски општини граѓани излегоа и кажаа НЕ за попис по терк на СДСМ.

Пописот е статистичка операција, и како таков тој треба да биде по методологија и процес кој ќе прикаже реални резултати, а не насилен и на база на коалициски договор“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„По денешниот масовен одзив на граѓаните против пописот, Заев треба веднаш да се повлече од идејата за попис во април.

Попис, да, но електронски и според методолигија, која ќе даде реалнми резултати и слика за институциите и системот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top