(Видео) Талески: Со кој образ Милошоски зборува во Собранието, кога во Германија бил казнет за кражба и фалсификување

пред 3 години

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески на прес-конференција презентираше листа од казнена евиденција за Антонијо Милошоски во Германија.

„Јасно стои дека Милошоски бил осуден и казнет во Германија за сторени кривични дела кражба и фалсификување на исправи. Милошоски мора да понесе морална одговорност за скандалот, потврден од јавно достапни документи, да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка“, рече Талески.

Тој воедно запраша со кое лице Милошоски зборува како пратеник во Собранието, кога одговарал за дела како кражба и фалсификување.

„Тоа се политиките на Христијан Мицкоски, лага до лага, блокада по блокада, затоа стои во негова одбрана, во одбрана на главниот дезинформатор овде во Собранието. После сите скандали, после сите лажни вести и дезинформации, после сите пресуди во Германија и тековни обвиненија пред домашните судови, Милошоски треба да си даде оставка“, порача пратеникот од владејачката партија.

Scroll to Top