(Видео) Талески: Членството во НАТО е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава

пред 3 години

Република Северна Македонија одбележа една година од членството во најмоќниот безбедносен соујз, НАТО. Нашата држава е дел од воено – политички најмоќното семејство на развиени демократии и денес дава придонес за светскиот мир и безбедност, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Со членството во НАТО, додаде тој, остваривме една од двете стратешки цели поставени уште на од денот на независноста.

„Но на ова достигнување единствено Христијан Мицкоки не се израдува, тој не смогна сили ниту да го честита приемот на нашата држава во НАТО Алијансата. Мицкоски не ја честиташе ниту првата годишнина од членството во НАТО со што докажа дека е полиитчар кој е на спротивната страна од државните и национални интереси“, рече Талески.

Според него, членството во НАТО е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава.

„Тоа значи, најсилна гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот државата. Нема веќе закана по нашата сигурност и безбедност. Сега, токму ние сме тие кои учествуваат во креирањето на политиките, во дискусиите за актуелни прашања и заедно носиме одлуки со другите сојузници во НАТО“, рече Талески.

Тој додаде дека СДСМ како одговорна, државотворна партија, продолжува кон остварување и на втората стратешка цел – членството во Европската Унија.

Scroll to Top